(Фото галерија) ГОЛЕМ ПОЖАР ВО ДРАЧЕВО: Горат неколку куќи, четири противпожарни возила се на терен!

t

Голем пожар избувна вечерва во населбата Драчево. Како што дознава Инфомакс од терен на улцата Герника 1 горат неколку куќи.

Четири противпожарни возила на ТППЕ Скопје се на терен и се борат со огнот.

Според информациите на Инфомакс се работи за три куќи, една со друга неповрзани, поради што постои сомневање дека пожарите се подметнати. Побарано е екипи на МВР да дојдат на местото на настанот.

Луѓето кои живеат во соседството на запалените куќи се револтирани и велат дека ова не е прв ваков случај, се случувало и другпат куќите да се запалат поради разни материјали и нечистотии кои во нив ги носат нивните сопственици.

Како што велат соседите, се работи за бараки во кои живее ромско население, кои и претходно имале проблеми со инсталациите и пожари и истите претставуваат опасност за сите околни куќи.

Луѓето кои живеат во околината апелираат овој проблем да се реши од страна на надлежните органи, за да се заштити останатото население кое живее во близина.

Екипи на МВР се на местото на настанот.

Во продолжениение фото-галерија од пожарот:

ФOTO: ИНФОМАКС

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се санира мостот на Маркова Река, инвестицијата…

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта…

ЦУК: Активни се четири пожари

Активни се четири од 14 регистрирани пожари…

Пожарите во Штип и кај Пробиштип се…

Чистење двор или спој на разлабавени електрични…

Опожарени две возила во скопски Аеродром

Во раните утрински часови во Скопје избувнал…

(Видео) Гори амбасадата на Пакистан во Белград

Пожар избувна утрово во зградата на амбасадата…