Објавено на:

(Фото галерија) Дали љубовницата на Путин се крие во Швајцарија заедно со нивните 4 мали деца?

t

Љубовницата гимнастичарка на Владимир Путин, добитник на олимписко злато, наводно се крие со нивните четири мали деца во приватна вила во Швајцарија.

Алина Кабаева (38), која некогаш ја нарекуваа „најфлексибилната жена во Русија“, наводно има четири деца со 69-годишниот руски претседател.

Се смета дека Путин има два сина и две седумгодишни ќерки близначки со одликуваната гимнастичарка.
Децата, наводно, имаат швајцарски пасоши.

„Додека Путин го извршува својот напад врз Украина, напаѓајќи невини граѓани и предизвикувајќи бегалска криза, неговото семејство е изолорано во многу приватна и многу безбедна вила некаде во Швајцарија“, изјави извор за Page Six.

Дојде кога руската војна со Украина влезе во својот десетти ден.

Наводно, таа располага со флота од лимузини Мајбах, и дека била опкружена со одред митралези кои ја чувале при посетата на едно московско кафуле.

Кабаева е една од најодликуваните гимнастичари во историјата на ритмичката гимнастика, со 2 олимписки медали, 14 медали од Светското првенство и 25 медали на Европското првенство.
Многу Руси ја сметаа за причина за распадот на бракот на Путин со поранешната прва дама Људмила (62), мајка на неговите две возрасни ќерки.

Претседателотт на соседна Белорусија, Александар Лукашенко навести дека одлуката за развод на Путин дошла затоа што Кабаева „вршела притисок врз претседателот“.

Некогаш се сметаше за најподобна жена во Русија, единствениот друг додворувач со кој Кабаева беше поврзуван од медиумите беше оженет грузиски полицаец.

Оваа врска згасна во 2005 година поради поплаките за упад на таблоидите во животот на спортистката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Швајцарскиот парламент одби да се приклучи на…

Долниот дом на швајцарскиот парламент денеска го…

Над 130.000 потписи за швајцарската неутралност –…

133.000 потписи има народната иницијатива „Заштита на…

Ова е жената во која пукаше Албанец…

Триесетгодишната В.Ј. (30) од Велика Дренова е…

15- годишник од Швајцарија избодел Евреин со…

15-годишен тинејџер е уапсен под сомнение дека…

Османи: Швајцарија дозволува движење со старите пасоши,…

Државите самите одлучуваат како ќе се однесуваат…