(Фото галерија) Интервју со млад уметник од Делчево: Цврсто верувам во желбата и подготвеноста на луѓето да восприемаат уметност

t

Младите уметници често имаат тежок пат, особено поради слабата или никаква поддршка од државата.

Инфомакс разговараше од еден млад уметник од источниот крај на Македонија, нешто што особено во овој дел од државата е реткост поради малите можности кои ги нудат општините и државата за развивање на талентите на младите.

Разговаравме со Благој Милчевски од с.Звегор, делчевско, 29-годишен човек кој случајно го открива својот талент за сликање. Во времетраење од 3 години Благој живеел во Германија и таму го откри, неговиот буквално скриен талент за сликање.
– Инаку, од мали нозе се занимавам со музика – тапани. Хоби ми се гитарата и читањето книги кои ги имам во мошне голем број, уште една моја љубов, вели Благој за Инфомакс.

Александра Петровска, Инфомакс: Колку време се занимавате со сликарство и какви беа Вашите
почетоци?
Благој Милчевски: Периодот додека живеев и работев во Германија (2019-2022) почнав да се занимавам со сликање, најпрво со цртање на лист блок а покасно и сликање на платно со акрилни и маслени бои. Лично бев изненаден од самиот резултат кога го насликав првото платно, па решив да продолжам и понатаму. До ден денес по повеќе од две години творечка активност, постојано
работам и се надоградувам во правецот на ликовната уметност.

Александра Петровска, Инфомакс: Дали покрај пејзажи сликате и други теми?
Благој Милчевски: Од почетокот па до сега работам односно сликам исклучиво само пејзажи. Искрено размислувам и за други теми, но сега за сега останувам доследен на почетниот мотив.

Александра Петровска, Инфомакс: Ја имавте првата изложба во Делчево, планирате ли можеби
изложби и во други градови низ Македонија?
Благој Милчевски: Првенствено, морам да признаам дека бев пријатно изненаден од бројноста на посетителите и со надеж за барем исто толкава заинтераност, да, цел и намера ми е да се случат изложби и во други градови низ државата, секако со помош и посредство на Центарот за
култура.

Александра Петровска, Инфомакс: Колку луѓето во Македонија, посебно во источниот дел се
заинтересирани за уметноста и дали ја ценат?
Благој Милчевски: Знаете, луѓето го консумираат она што им се нуди или дури и да се пребирливи по природа, повторно изборот мора да го направат помеѓу две понуди во најмала рака. Цврсто верувам во желбата и подготвеноста па дури и компетентноста на луѓето да восприемаат
уметност, да ја доживеат, споделат и искрено да и’ се радуваат особено затоа што настани од ваков облик не се сеприсутни, но чекор по чекор во креирањето блискост со уметноста во секоја нејзина
форма.

Александра Петровска, Инфомакс: Какви се вашие планови за во иднина?
Благој Милчевски: Планот е едноставен, неуморно создавање нови дела, потрага по нови идеи и мотиви што следно да се стави на платно и неминовното и најисполнувачкото за мене како уметник- изложбите, луѓето, размената на емоции, давањето и примањето убава енергија во мноштво бои, форми и лични доживувања.

Александра Петровска, Инфомакс: Ваша порака за јавноста.
Благој Милчевски: Ве оставам со мислата дека не постои поголема уметност од вашата лична вистина, вашето автентично битисување и допринос кон животот и светот, големата слика на постоењето и независно од начинот на кој го правите тоа: ширете уметност, сакајте уметност,
бидете уметност. Моја длабока почит кон уметникот во секој од нас и секое негово дело.

ЛИНК од Инстаграм профилот на Благој Милчевски каде може да погледнете повеќе негови дела

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) ПРОЛЕТЕН СНЕГ ВО ДЕЛЧЕВО!

на граничниот премин Делчево врне снег, а…

Забрана за тешки товарни возила на правецот…

Од ЈП јавно претпријатие за одржување и…

Хорор во Делчево: Силувано 15-годишно девојче!

На 07.12.2023 полициски службеници од Полициската станица…

Маж од Делчево доби кривична пријава за…

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе…

(Фото-галерија) МАКЕДОНСКО ДЕВОЈЧЕ: Мелани Трајковска избрана за…

17-годишната Мелани Трајковска од Делчево годинава ја…