(Фото-галерија) МАКЕДОНСКО ДЕВОЈЧЕ: Мелани Трајковска избрана за “Кралица на модата” на Queen EURASIA 2023!

t

17-годишната Мелани Трајковска од Делчево годинава ја претставуваше Македонија на престижниот натпревар за убавина Queen EURASIA 2023, кој се одржа во Анталија, Турција. Македонското девојче ѝ донесе и титула на Македонија бидејќи беше избрана за “Кралица на модата”.

Ова е уште една од низата титули кои девојките од Модното студио „Црнокрак“ ги освоија оваа година на интернационалните избори за убавина кои се одржуваа ширум целиот свет и уште еднаш потврдија дека се вистински амбасадори на македонската убавина каде и да се појават.

Изборот се одржа во прекрасниот CESAR TEMPLE DE LUXE хотел во Белек-Анталија, каде девојките беа сместени и се подготвуваа за финалниот избор.

Во жирито кое одлучуваше за тоа кои девојки ќе добијат титули се најде и нашата Сандра Стефановска, која беше победничка на овој избор 2017-та година, објавија од модното студио “Црнокрак”.

Мелани Трајковска за Инфомакс кратко изјави дека се чувствува гордо што имала чест да ја претставува Македонија и изрази благодарност до модното студио “Црнокрак” за можноста токму таа да биде ликот на државата во Анталија.

– За натпреварот дознав преку модното студио “Црнокрак”, кој после мојата пријава реши да ме испрати токму мене, за што сум му неизмерно благодарна. На натпреварот имаше претставнички на повеќе земји, јас ја претставував Македонија и ја добив титулата “Кралица на модата”, вели Трајковска.

Мелани има 17 години и доаѓа од Делчево, таа е средношколка со одличен успех во СОУ “М.М.Брицо” во Делчево.

– Живеам во поранешно Царево село денес познато како Делчево, мало, но убаво гратче во источниот дел на нашата земја заедно со моето семејство. Моментално учам во трета година во СОУ “Методи Митевски- Брицо”, а освен тоа како прво од моите лични задоволства би го издвоила волонтерството во кое сум активна веќе околу 6 години во нашата опшинска при Црвен Крст Делчево (и секоја од тие 6 ми е посебна на свој начин), освен тоа и членувањето во КУД”Гоце Делчев”- Делчево 12 прекрасни години, и секако чест и задоволство ми е што сум дел и од Модното Студио Црнокрак (благодарение на кое имав можност да учествувам на ваков натпревар), вели Мелани.

Таа им се заблагодари на родителите и модното студио “Црнокрак” за можноста да учествува на овој натпревар.

– Сакам да искажам огромна благодарност пред сѐ на моите родители и моите најблиски кои ме подржаа безусловно, на Модното Студио Црнокрак кои токму мене ми ја дадоа шансата да доживеам едно вакво убаво искуство, неизбежно е да упатам и благодарност до моите наставници/професори кои од самиот почеток имаа разбирање а потоа ми беа и голема подршка, и секако на сите вас кои секојдневно и неуморно ми посакувавте среќа и верувавте во мене без разлика на сѐ.

На натпреварот имаше претставнички на повеќе земји, како Унгарија, Русија, Швајцарија, Турција…
Со кои времето го поминувавме во дружба и забава, и се надевам дека ќе го задржиме блискиот оснос и ќе останеме во контакт и понатаму, вели Мелани.

Најважно ѝ е образованието и има една порака за младите.

– На прв и најважен план ми е секако образованието, а сѐ останато е последователно и како вид на хоби со кое се занимавам во слободното време немам нешто посебно, но ги спомнав играорната и активностите во Црвениот крст во Делчево, членувам и во клубовите на Младинскиот образовен форум (МОФ).

Имам една порака до младите: Единствената пречка за вашиот сон да стане јаве е единствено вашиот ум. Не дозволувајте тој да управува со вас туку баш напротив вие управувајте го него! – вели младата убавица на која ѝ посакуваме многу успех и нови титули за неа и за Македонија во иднина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) ПРОЛЕТЕН СНЕГ ВО ДЕЛЧЕВО!

на граничниот премин Делчево врне снег, а…

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

Исчезна 14-годишната Ринеса: Ако имате било каква…

Новинарот Фуркан Салиу, објави дека е исчезнато…

Европскиот план за развој на Западен Балкан…

САД ја поддржуваат ЕУ во намерата да…