(Фото галерија) Скопје блеска во новогодишна магија!

t

Скопје и годинава блесна во новогодишна магија. Плоштадот Македонија, Градскиот трговски центар, улицата “Македонија” и целото централно градско подрачје на Скопје се подготвени да ја пречекаат новата 2024 година во полн сјај.

Фејсбук страницата “Патувања низ Македонија” објави фото-галерија од украсеното Скопје. Во продолжение погледнете ги фотографиите од Скопје кои ги објави Фејсбук страницата.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Аросвска, претходно во гостување во Тешки муабети на Инфомакс посочи дека Скопје традиционално е украсено во пресрет на новогодишните и божиќните празници, но за десетпати помала сума од сумата која се трошела за украсување на Градот изминатите години.

– Сега китењето чини 30.000 ерва, порано чинело 300.000 ерва. Треба да разбереме една работа, ние славиме Божиќ на 7 јануари, секоја година се кити во исто време. Јас еве им ветувам на граѓаните догодина ќе почнеме од септември да китие. Меѓутоа, во држава во која се се краде, му се цица крвта на народот, тоа не е тема, се товарат со хидроцентрали и тоа не е тема, туку елката на плоштад. Некој го боли оти утре нема да може да краде. За мене поважно е сите овие ранливи категории на кои им овозможуваме цела година да имаат топол оброк, да има каде да преспијат, купивме две возила кои со години не биле купени со кои се транспортираат лица со физички попречености.

И тоа не е важно, важна е елката. Секој ден одбирам да помогнеме на тие луѓе, наместо да имаме елка од 300.000 евра и пак имаме елка и не една, туку шест елки. Не мора знаеме кој човек да зема 300.000 ерва за китење, тоа е кум на Петре Шилегов.

Еве накитено е ама никој не ве покраде, само тешко ќе биде во днида да се оправдаат како нешто се прави со 30.000 евра, а тие го правеле со 300.000 евра, вели Арсовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Две страшни сообраќајки се случија ноќеска…

Две сообраќајки се случија ноќеска во Скопје,…

Скопјанец доби кривична пријава: Пронајдени куршуми во…

ОСОСК поднесе кривична пријава против Ф.С. (34)…

Прегазен струмичанец во Скопје, со тешки повреди…

Четириесет и седумгодишен струмичанец е тешко повреден…

Во Скопје се апсеа дилери, уапсени и…

Во текот на вчерашниот ден во Скопје…