(Фото галерија) Трагична глетка од уништената црква „Преображение“ во Одеса
Одеската епархија на Украинската православна црква денеска соопшти дека руски проектил целосно го уништи олтарот на црквата „Преображение“ во Одеса. Од руското Министерство за одбрана ги отфрлија овие тврдења и посочија дека тие ги планирале нападите „врз основа на внимателно проверени и потврдени информации преку неколку канали, намерно исклучувајќи го гаѓањето цивилни објекти во кои се наоѓаат цивили, како и на објекти од културно и историско наследство“.
„Одеската епархија на Украинската православна црква уште еднаш ја осудува руската агресија врз Украина, овој терористички чин против главното светилиште и духовното срце на градот Одеса – црквата „Свето Преображение“, околу која живеат мирни граѓани, а самата катедрална црква на никаков начин не е поврзана со воени објекти“, додаваат од епархијата.
Најмалку едно лице загина како резултат на нападот, додека 22 цивили, меѓу кои три деца, се повредени во синоќешниот напад на Одеса.
Во продолжение како изгледа уништената црква…





ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руски напад во Одеса: Оштетено породилиште во…
Руските сили нападнаа цивилна инфраструктура во јужната…
Се собираат донации за црквата „Св. Ѓорѓија“…
На социјалните мрежи се појави апел за…
Три лица загинаа во рускиот напад на…
Синоќа, Русија ја нападна Одеса со дронови…
Пожар во католичка црква во Нови Сад…
Пожар избувна утрово на страничниот влез во…
По руските напади, десетици градови и села…
Десетици градови и села во јужниот украински…