(Фото) Господ ќе ви даде уште повеќе: Пекара која нуди бесплатно печено месо за сиромашни предизвика лавина позитивни реакции на социјалните мрежи!

t

Доброто никогаш не умира, напротив постојано се раѓа и тоа на неочекувани места. Пекара во Ваљево предизвика лавина позитивни реакции на социјалните мрежи поради нивната покана сите кои не се во можност да си купат печење за Божиќ, да отидат во нивната пекара и да добијат еден килограм бесплатно.

– Драги наши потрошувачи и оваа година донираме печење за оние кои не се во можност да купат. Секој што сака бесплатно печење (максимум 1 кг) може да не контактира или да дојде во пекарата. Предност имаат самохраните мајки – стои во објавата на Фејсбук.

Во коментарите под објавата, луѓето го изразија своето воодушевување од гестот на фурната.

“Честитки за доброто дело. Господ ќе ви возврати со добро, многу честитки за добрата и хумана одлука”, “Браво господине, имате голема душа и срце , а Господ ќе ви даде уште повеќе. чест”. „Она што го прочитав.. Неверојатно во ова одвратно време. Секоја чест за хуманоста , благодарам во име на оние на кои ќе донирате и ќе ви биде вратено десеткратно. Бидете здрави“, се само дел од коментарите.

ЛИНК од нивната објава на Фејсбук

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дете исчезнало откако бабата го однела на…

Полицијата на Ваљево попладнево имаше несекојдневна потрага…

Невремето дојде и во Србија: Силен град…

Невремето што денеска ги зафати Словенија и…

Колку сиромашните осиромашуваат, толку богатите се богатат:…

Секој десетти човек во светот е гладен,…

(Фото) Господ ќе ви даде уште повеќе:…

Доброто никогаш не умира, напротив постојано се…

Не се надевајте, нема намалување: Владата ќе…

За да се испечат белите пецива, сметката…