(Фото) Градоначалничката Арсовска ги посети дежурните служби на Град Скопје и им посака среќни новогодишни празници

t

Градоначалничката на град Скопје вечерва, во пресрет на новата 2022 година, ги посети дежурните служби кои се грижат за безбедноста и здравјето на граѓаните на Град Скопје.

Арсовска ја посети Брзата помош во поликлиниката „Букурешт“ во Карпош, полициската станица Пролет надлежна за Град Сокпје, СВР Скопје и Противпожарната бригада на Град Скопје во Автокоманда.

Градоначалничката им се заблагодари на сите за пожртвуваноста и посветеноста на сите предизвици кои ги донесе годината што изминува и им посака мирна новогодишна ноќ без поголеми инциденти.

Таа додаде дека годинава донесе многу проблеми, но изрази и уверување дека 2022 година сигурно ќе биде подобра.


Арсовска им посака на сите среќна, успешна и исолнета нова година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Водата во Скопје е безбедна за пиење

Водата во Скопје е квалитетна и безбедна…

Вечерва ќе се спроведе 13-тата дезинсекција против…

Вечерва на подрачјето на градот Скопје, ќе…

Водата во Скопје е исправна за пиење,…

Водата во Скопје е безбедна и ги…

Секторот за компјутерски криминал повика 13 лица…

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…

Повеќе лица меѓу кои и две жени…

Повеќе лица попладнево се повикани на разговор…