(Фото) Градоначалничката на Град Скопје не ја изненади снегот: Службите на терен, снегот се чисти
Сите булевари и улици под Град Скопје се чисти и проодни, од почетокот на врнежите на снег фрлени 300 тони сол. – Пишува во соопштението до медиумите од Град Скопје кое го пренесуваме интегрално:
„Екипите на зимската служба од ноќеска и утрово се на терен и ги чистат булеварите и улиците под надлежност на Градот, и тие се чисти и проодни. Од почетокот на врнежите на снег до сега се фрлени 300 тони индустриска сол.
Чистењето на сообраќајниците и тротоарите го вршат екипите на јавното претпријатие „Улици и патишта“, на располагање е и механизацијата на преостанатите јавни градски претпријатија. Покрај чистењето на сообраќајниците, активни се и тимовите и на преостанатите градски јавни претпријатија кои интервенираат со луѓе и со механизација во чистењето на јавните површини, расчистување на паднатите дрвја и на сливниците.
И во текот на денешниот ден продолжуваат активностите на зимската служба кои будно ја следат состојбата на градските сообраќајници и ќе интервенираат според потребите, согласно со условите на теренот.
Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите. Потсетуваме дека индустриската сол има ефект до – 7 степени Целзиусови и поради ниските температури можно е појавување на голомразица на коловозот и апелираме на голема внимателност во сообраќајот.
Потсетуваме дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и поголемите градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.
Апелираме до сите стопански субјекти во градот и до сите граѓани, кога ќе падне снег, да ги почитуваат законските обврски и да го расчистуваат снегот и мразот од пристапите до нивните деловни, односно станбени објекти.“ – Стои во соопштението од Град Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ѓорѓиевски: Драстично ги намалуваме новите вработувања во…
Драстично ги намалуваме новите вработувања во Град…
Акција во Прилеп и Скопје: Сузбиена група…
Полицијата сузби 21-члена организирана криминална група од…
Ѓорѓиевски: Завршена постапката за набавка на автобусите,…
Завршена е постапката за набавка на новите…
Протестен марш во Скопје за поддршка на…
Со почеток во 14 часот во Скопје…
Најавена е директна авиолинија меѓу Скопје и…
„Од почетокот на март следната година, ќе…