(Фото) Грција објави мапа од местата каде што господари рибата зајак
Грчките власти објавија интерактивна дигитална мапа на Гугл, на која се следи појавата и ширењето на опасната риба зајак, позната и како Lagocephalus sceleratus. Станува збор за инвазивен вид за кој летово се зголемува вниманието, особено поради неговото присуство во грчките води.
Мапата ги покажува местата каде што досега е регистрирана оваа риба, која се смета за исклучително опасна. Lagocephalus sceleratus е распространет во тропските води на Индискиот и Тихиот Океан, како и во западниот Медитеран. Видот е присутен и долж бреговите на Израел, Јужна Турција и Кипар.
Во Грција, рибата првпат била забележана во југоисточниот дел на земјата, главно во околината на Родос, Крит и Додеканезите. Денес, според објавените податоци, ја има речиси низ целото Егејско Море, но и во делови од Јонското Море.
Експертите апелираат пливачите да не ја допираат рибата доколку ја забележат во морето. Посебно предупредување има и за рибарите – рибата не смее да се консумира, бидејќи термичката обработка не го уништува смртоносниот токсин што го содржи.
Поради зголемениот број пријави поврзани со рибата, но и поради штетата што ја предизвикува врз екосистемот и риболовната опрема, грчкото Министерство за земјоделски развој и храна воведе пилот-програма за субвенционирање на професионалните рибари.
Според програмата, на рибарите им се исплаќаат 5,33 евра за секој килограм уловена риба зајак.
Грција почна да поставува и пловечки заштитни бариери на популарни плажи во регионот Евбеја. Со ова, властите се обидуваат да ја зголемат безбедноста на пливачите во екот на летната сезона.
Надлежните очекуваат дека бариерите ќе го намалат ризикот од средби меѓу капачите и оваа опасна морска риба, а туристите и локалните жители ќе можат побезбедно да уживаат во морето за време на најпосетениот период од годината.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рубин Земон, човекот кој го негираше македонскиот…
На Венко Филипче и СДС не може…
Mицкоски: Вештачката интелигенција повеќе не е тема…
Вештачката интелигенција, енергетските системи, дата центрите и…
Путин по заканите од Естонија за војна:…
Рускиот претседател Владимир Путин со потсмев одговори…
ТРАМП ГО ОДБИ ИРАНСКИОТ ПРЕДЛОГ ЗА ПРИМИРЈЕ:…
# ТРАМП ГО ОДБИ ИРАНСКИОТ ПРЕДЛОГ ЗА…
Мицкоски од ОН: Миграцијата не започнува на…
Светот мора поинаку да пристапи кон миграцијата…