(Фото) Данела Арсовска изврши увид на новата Ботаничка градина во Скопје
Скопската градоначалничка Данела Арсовска денеска изврши увид на отпочнувањето на третата фаза на изведба на новата Ботаничка градина во Скопје во рамки на Зоолошката градина, која се простира на 12.600 квадратни метри.
Просторот на Ботаничката градина беше претходно празен и неуреден простор кој сега е природен спој меѓу Зоолошката градина и Градскиот парк и претставува ново зелено катче за одмор и рекреација на посетителите. Како што најавивме по завршувањето на изведба на проектот, во градината предвидени се прикази на ретки или необични растенија, едукативни часови од ботаничари, хортикултуристи и градинари, како и настани за најмладите генерации.
Уредувањето на градината е во својата трета фаза, а проектот го изведуваат екипите на јавните претпријатија „Улици и патишта“ и „Паркови и зеленило“. Во градината се засадуваат автохтони видови растенија кои се природно распространети во Македонија, но ќе има и алохтони видови – растенија донесени однадвор. Се садат воедно и ендемични растенија кои се специфични само за Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тешка кражба во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…
Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…
(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…
Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…
Се намалува цената на парното во Скопје
Од први август скопјани ќе плаќаат пониска…
Денеска ќе знаеме колку ќе поскапи парното…
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска на…