Објавено на:

(Фото) Двонеделно генерално чистење во Кисела Вода

t

Генерално чистење и средување на сите месни и урбани заедници се одвиваше во изминатите две седмици во општина Кисела Вода. Во акцијата беа вклучени вкупно 60-на сезонски работници, два камиони, повеќе машински метларки, тримери, телескопски пили, пили и сите останати ресурси со кои располага општината. Во сите петнаесет населби и месни заедници се метеа улиците, се кастреа гранки, се косеше нарасната тревна вегетација во парковите, на трим патеките и секаде каде што имаше потреба. Се собираше кабаст и комунален отпад, информираат од кабинетот на градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓеорѓиевски.

Ваквите акции за подигнување на хигиената и обезбедување на животна средина која е пријатна и безбедна за сите жители на општина Кисела Вода, ќе продолжат да се одвиваат со несмален капацитет.

– Се надеваме дека и граѓаните преку своето совесно однесување, посебно во делот на правилното одложување на отпадот, ќе дадат свој придонес во креирањето на новиот лик на општината. Грижата за хигиената на јавниот простор треба и мора да биде заедничка одговорност, се додава во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…

Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…

Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…

Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…

АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…

Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…

Иран отвори прв воен камп за обука…

Иран го отвори својот прв воен камп…