(Фото) Дедото на Муцунски правен застапник на Казино Австрија – Еве зошто ВМРО-ДПМНЕ ги штити интересите на обложувалниците и казината!

t

До редакцијата на Инфомакс пиристигнаа ексклузивни информациии за поврзаноста на Казино Австрија и ВМРО-ДПМНЕ. Имено во измантите неколку дена во фокусот на ВМРО-ДПМНЕ се најде отворањето на пазарот за странски компании кои се занимава со игри на среќа, односно фамозниот тендер на Државна лотарија за таканаречени онлајн казина од кои државата ќе има милионски бенефит на дневна основа.

За поширокиот дел од јавноста беше нејасно која е поврзаноста на актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и бизнисот со игри на среќа во Македонија имајќи ги во предвид многу поважните теми за пошироката јавност како поскапувањето и скандалот со онкологија, но полека, но сигурно почна да се одмотува и ова клопче. За оние кои се запознаени со тоа кои се портали се под контрола на Мицкоски е јасно дека веќе подолг период истите се спонзорирани од компании кои се занимваат со игри на среќа, но и на нив редовно се објавуваат соопштенија од Асоцијацијата на спортски обложувалници во Македонија во кои се критикува Владата за идјата за одалечување на обложувалниците и казината од најмладите.

Притисокот во јавноста продолжи и директно преку прес-конференции на ВМРО-ДПМНЕ на кои беше обзнанен наводен скандал за тендерот за онлајн казина во Македонија, но реалноста е малку поинаква.

Инфомакс сега ексклузивно ја открива и директната поврзаност на една компаниите кои воспоставија монопол со игрите на среќа во Македонија. Имено компанијата Касинос Аустрија Интернационал ДОО Скопје е правно застапувана лично од таткото на сопругата на Тимчо Мицунски.

Канцеларијата Бубевски е правен застапник токму на Касинос Аустрија една од компаниите со монополска позиција во Македонија кога станува збор за игрите на среќа и една од компаниите која ќе биде најпогодена од евентуална либерализација на пазарот на игри на среќа во Македонија.

Да не заборавиме дека неодамна од седумте кандидати за судии во Граѓанскиот суд, членовите на Судски совет ја избрааа и Симона Бубевска Муцунски, сопруга на градоначалникот Тимчо Муцунски. Таа е единствената од осумте кандидати кои се избрани. Останатите имиња се свежи, а јавноста досега не ги поврзувала со политиката и политичари. Тоа се Кристијан Митревски, Лилјана Костојчиноска, Драган Петрушевски, Маја Катариниќ, Андреа Апостоловска Малиноска, Машкули Пајтин и Јованов Јордан.

Кавгата помеѓу Владата и оние кои го држат монополот за игри на среќа во Македонија започна откако најпрвин беа најавени законски измени за дислокација на казината и обложувалниците кои се наоѓаат во близина на училиштата имајќи во предвид дека Македонија и голем дел од македонските граѓани се соочуваат со сериозни проблеми со зависност од коцка, а истата продолжи откако се најави либерализација на пазарот на игри на среќа.

Постојат и сериозни сомнежи дека опозицијата сериозно е финансирана од неколку компании кои се занимаваат со игри на среќа, а имаат монопол на пазарот тука во Македонија.

Во текот на вчерашниот дек преку статус на социјалните мрежи првиот вицепремиер, Артан Груби испрати порака до обложувачниците дека власта е решена да ја руши секоја бариера што ќе ѝ се испречи на патот и дека се решени да ги демонополизираат сите индустрии, особено криминалните монополи.

Кој две години го попречува и блокира законот за коцкање, со кој:
– обложувачниците и казината се на 500 метри од нашите деца и училишта;
– заштитува и спречува малолетници да се вклучат во коцкање;
– ги зголемува приходите во буџетот преку зголемување на даноците и цената на лиценците, кои помагаат на културата, спортот, медиумите.

Кој го штити 15-годишниот монопол даден на бугарско-српско-македонска компанија за организација на коцкање, чија „пријавена“ добивка е просечно 15 милиони евра годишно?

Кој од албанската опозиција лобира за измена на законот во корист на казината?

Законот е одобрен од Владата, очекуваме пратениците веднаш да го поддржат.

Отстранувањето на казината и обложувачниците, како и демонополизацијата на индустријата, се политики и програми на Демократската унија за интеграција, но и Владата одобрени во Собранието.

Решени сме да ја демонополизираме секоја индустрија, особено криминалните монополи на соживот и камуфлираните.
Ниту една кампања спонзорирана од валкани пари од монополот што ги држи опструкторите во заложништво нема да не спречи во нашата решеност да им ја одземеме коцката на нашите деца, да го демонополизираме и либерализираме пазарот и да ги зголемиме приходите во буџетот!

Нема да нѐ спречат блокирачките, клеветничките, негативните и навредливите кампањи, ќе продолжиме да ја рушиме секоја бариера пред нас“, порачува Груби.

На темата се огласи и партијата ДУИ која запраша „Кој го штити 15-годишниот монопол овозможен на бугарско-српско-македонска компанија за организација на игри на среќа, чија ‘пријавена’ добивка е просечно 15 милиони евра годишно? Кој од албанската опозиција лобираше за дополнување на законот во корист на казината? Законот е усвоен од Владата, очекуваме и пратениците веднаш да го поддржат“, наведува ДУИ.

Оддалечувањето на казината и обложувалниците, како и демонополизацијата на индустријата се политика и програма на Демократската унија за интеграција, но и на Владата усвоени во Собранието, нагласува партијата.

„Решени сме да ја демонополизираме секоја индустрија, особено криминалните монополи на сплотеност на политиката со криминалот и камуфлираните.

Ниту една кампања спонзорирана од валкани пари од монополот што ги држи опструкторите во заложништво, нема да не спречи во нашата решеност да ги оддалечиме игрите на среќа подалеку од нашите деца, да го демонополизираме и либерализираме пазарот и да ги зголемиме приходите во буџетот!

Нема да нѐ спречат блокирачките, клеветничките, негативните и навредливите кампањи, ќе продолжиме да ја рушиме секоја бариера пред нас“, пишува во партиската реакција.

Според информациите на Инфомакс компанијата која се претставува како компанија со австриски капитал впрочем е во сопственост на моќници од регионот, Србија, Бугарија, Република Српска, а постои и посериозна руска врска.

Токму од оваа причина беше и повлечен австрискиот амбасадор Георг Вуцас кој ги прекрши сите дипломатски правила штитејќи компанија која воопшто не е австриска.

Да се потсетиме дека Вуцас бараше од пратениците од Комисијата за европски прашања да не дадат поддршка за новиот Закон за игри на среќа поради наводна негова неуставност. Реакција од австрискиот амбасадор , Георг Вуцас до Владата и пратениците следуваше откако измените на регулативата за игри на среќа стигна во законодавниот дом.

Набргу по ваквите реакции Вуцас беше повлечен назад во Виена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ: Каменуван автобусот на ,,Чкембарите’’…

Инцидентот се случил по 22:00 часот, веднаш…

Повеќе од 1.500 луѓе се евакуирани од…

Повеќе од 1.500 луѓе се евакуирани од…

Поранешниот помошник директор на полицијата за случајот…

Речиси цел месец стотици полицајци, жандарми и…

Стапи во сила законот за мобилизација во…

Во Украина стапи во сила оспоруваниот закон…

„Ѓоковиќ е фаворит за освојување на Ролан…

Ролан Гарос е се поблиску до нас,…