(Фото) Дедо Мраз слета со хеликоптер во Петровец и им подели пакетчиња на децата на македонските војници кои се на мисии во странство
Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, денеска присуствуваше на средба со семејствата на припадниците на АРМ кои во моментов се на мировни операции во странство. Настанот се случуваше во касарната “Страшо Пинџур” во Петровец.
– Во касарната ,,Страшо Пинџур“ во Петровец на заедничка
предновогодишна средба со семејствата и припадниците на
Армија и министерството кои во моментов извршуваат задачи во мировни операции во странство.
Нашите мировници се наши амбасадори. Тие ја гарантираат колективната безбедност на Алијансата и безбедноста на регионот, а ние во овие
претпразнични моменти внесуваме радост, среќа и празнично чувство во нивните семејства. – напиша Петровска на Фејсбук.
Во продолжение фотографиите кои ги објави Петровска.







ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Платите во Армијата и одбраната се зголемуваат…
Сакам да информирам за една преубава вест,…
Доскорешниот началник на Генералштабот на АРМ, Васко…
Поранешниот началник на Генералштабот на Армијата на…
Професионалните војници по 45 години ќе можат…
Професионалните војници кои ќе наполнат 45 години…
Сиљановска: Македонската Армија покажа дека и мала…
Претседателката и врховна командантка на Вооружените сили,…
Мицкоски: Армијата е симбол на чест, дисциплина…
Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка и изрази…