(Фото) „Демохристијаните“ од ДПМНЕ донесоа Закон со кој ја промовираат „woke“ културата: Се говори за родово сензитивни политики – ова се деталите!
На предлог на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски донесено е законско решение со кое се промовира таканаречената „woke“ култура.
Терминот „воук култура“ се користи за политиките на американската левица кои вклучуваат идентитетска политика и социјална правда, како што се привилегијата на белите, родова политика која не го признава постоењето на биолшката реалност на половите, маж и жена тврдејќи дека истата е социјален конструкт, истата идеологија промовира ЛГБТ вредности и се што е дијаметрално спротивно со „демохристијанската идеологија“ која наводно ја застапува ВМРО-ДПМНЕ.
Имено се работи за Законот за буџети во кој во неколку наврати се говори за родова еднаквост. Самиот термин род се однесува на општествено конструирани улоги, ваквото размислување е ненаучен пристап кој се базира исклучиво на идеолошки претпоставки. Она кое што е научно точно и докажано се биолошките разлики помеѓу мажот и жената и точната терминологија е маж и жена.
Еден од најблиските соработници на новиот американски претседател Доналд Трамп, Елон Маск ваквата идеологија ја нарекува „вирус на мозокот“ затоа што доведе до ситуација каде американската држава плаќаше за операции на малолетници за промена на полот.
Доналд Трамп пак лично на на инаугурацијата кажа дека ќе стави крај на ваквите ненаучни практики со тоа што САД ќе се вратат на политиките на „здравиот разум“ односно „common sense“.
Единствен кој што реагираше против ваквото законско решение кое го донесе ВМРО-ДПМНЕ, а го поднесе пратеникот Бојан Стојановски е градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
Костадинов повика на протест со цел спротивставување на ваквите родови политики.
-Моја Струмицо!
Дигни се на нозе и повторно крикни.
Пред некое време радоста за промената на програмите и целосно разбирање на струмичката традиција и вредност која ја пренесуваме низ генерациите, бликна во целата држава.
Заради што?
За сега да се наметнува повторно она за кое одредени луѓе беа ставани на гилотиња?
Срамота.
Пишува Костадинов на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Млада битолчанка со остар предмет го нападнала…
Вчерашната вечер не се покажала како празнична…
Дали има договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ…
„Да, бараме“ - вака потпретседателот на ДУИ,…
Шефот за надворешна политика на Бундестагот ја…
Претседателот на Комисијата за надворешни работи на…
Трајко Славески за лошите резултати на учениците:…
Во објава на социјалните мрежи, актуалниот гувернер…
Од сабота „Безбеден град“ и во Велес
„Безбеден град“ од сабота, 12 септември, почнува…