Објавено на:

(Фото) Дибиров се прости од Вардар, Комити и Македонија со емотивна порака

t

Миленикот на „Комитите“, Тимур Дибиров по девет години си замина од Вардар и следната сезона ќе го носи дресот на хрватскиот шампион ППД Загреб.

Дибиров со Вардар освои две титули во Лигата на шампионите, но суспензијата што ја добија „црвено-црните“, односно исфрлањето од Лигата на шампионите, го натера миленикот на навивачите да се пресели во Загреб.

Дибиров не ги заборава прекрасните девет години поминати во „црвено-црниот“ дрес и со емотивна порака се прости од Скопје, Вардар, „Комитите“ и Македонија.

– Драги пријатели, веројатно треба да има текст за многу страници, затоа што сакам да ви се заблагодарам на секој од вас, ви благодарам што ми го дадовте чувството да се биде дома, за поддршка, љубов и верба во мене! Ми беше голема чест да го носам дресот на Вардар и горд сум што сум дел од семејството! Сакам да Им се заблагодарам на Македонија, Скопје, Комити, навивачите, Сергеј Самсоненко, сите играчи и вработени во клубот, вие сте засекогаш во моето срце! – порача Дибиров на својот профил на Инстаграм.

38-годишниот ракометар денеска и официјално беше претставен како ново засилување на хрватскиот тим. Дибиров потпиша едногодишен договор со ППД Загреб и на официјалната интернет страница на клубот, изјави дека е среќен што во иднина ќе носи дрес на клуб со богата историја.

– Многу сум среќен што доаѓам во Загреб, клуб со богата историја и клуб од чии редови произлегоа многу големи имиња на хрватскиот и европскиот ракомет. Очекувам големи работи во Загреб, знам дека ќе го дадам максимумот на секој тренинг и натпревар и мислам дека заедно можеме да постигнеме добри резултати. Сум играл со некои играчи претходно, како Борозан и Чупиќ, исто така сум се натпреварувал со некои, а со некои допрва ќе се сретнам. Верувам дека ростерот на Загреб е добар и дека е идеална комбинација на младост и искуство. Мислам дека нашиот тим има што да докаже и дека оваа сезона пријатно ќе изненадиме многумина – изјави Дибиров.

Покрај Дибиров, ППД Загреб ги ангажира и поранешниот играч на Вардар Вуко Борозан, Словенецот Аљаж Пањтар и Србинот Милан Милиќ.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дибиров: Сигурно во Вардар ќе ја завршам…

Тимур Дибиров неодамна го продолжи договорот со…

Дали знаете колку титули има Дибиров во…

Тимур Дибиров е срцето и душата на…

Тимур Дибиров останува во Вардар до јуни…

Тимур Дибиров, клупската икона на Вардар ќе…