(Фото) Димевски на рафалите од Борко одговори со – детски прашалник
Денешната прес-конференција на Борко Ристовски, на која одговори на четиригодишната суспензија од МОК по пријава од претседателот Даниел Димевски, предизвика голем интерес во јавноста и набрзо донесе своевиден одговор од предводникот на македонскиот олимпизам.
Македонските медиуми попладнево беа „бомбардирани“ со мејл испратен од вработена во МОК задолжена за комуникација со „седмата сила“, во кој се содржи „личниот став на Димевски“, кој со во најмала рака детски прашалник се обидува да го врати вниманието кон голманот на Вардар. Петте прашања се во стилот на ученици од основните училишта, кои преку споменари искажуваат мислење за другарчињата.
Така, Димевски прашува дали „знаете човек за кого Борко кажал добар збор“, но и „колку пати треба да му биде дозволено на Борко да навредува, клевети и се заканува на се и секого“, без притоа да наведе конкретни примери. Истовремено, тој се осврнува и кон политичката агенда на Ристовски, но и ги прашува сите минати, сегашни и идни плитичари дали ќе го унапредат спортот со навреди, клевети и закани.
Колку за потсетување, Димевски пред да стане прв човек на МОК беше советник на премиерот Зоран Заев и важи за идеен творец на ваучер-системот, за кој сега жестоко го напаѓа Наумче Мојсовски и АМС како институција.

Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Експлозија во уште едно складиште за оружје…
Силна експлозија предизвика пожар во магацин за…
Невреме зафати повеќе делови од Македонија, има…
Нестабилното време постепено зафаќа повеќе делови од…
Трамп не се противи Кина да произведува…
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека…
ВМРО-ДПМНЕ: 4,6 милиони евра провизии за незавршена…
ДЗР утврдил неефикасно управување со стратешките проекти…
Каратистката Мицовска освои сребро на Европското универзитетско…
Македонската каратистка Јована Мицовска го освои сребрениот…