(Фото) Дојранското езеро пред еколошки колапс: Се јавуваат и здравствени проблеми по контакт со водата!

t

Од локалниот огранок на “Левица” во Дојран реагираат дека во Дојранското езеро се случува катастрофа со испуштање на штетни материи во езерските води, што предизвикува низа проблеми но и здравствени проблеми на жителите на Дојран.

– ДОЈРАНСКОТО ЕЗЕРО Е ПРЕД ЕКОЛОШКИ КОЛАПС

Во Дојранското езеро се наоѓаат екстремно високи концентрации на отпадни материи, фосфорни и азотни соединенија и ги надминуваат досега забележените концентрации на овие материи во било кој воден екосистем во земјата.

Високото присуство на отпадни материи, вклучително и фекалии, односно хипереутрофната состојба на езерото, доведува до развој на сино-зелени алги–цијанобактерии, кои ослободуваат многи силни токсини–цијанотоксини.

Ова е причината што кај многу туристи, особено деца, се јавуваат симптоми на повраќање, кревање на висока температура, дијареа, вртоглавица, проблеми со дишење, флеки или црвенило на кожата.

Дојранското езеро е споменик на природата од 2011 година, согласно Законот за заштита на природата. Правилникот за валоризација на заштитени подрачја е донесен една година подоцна, во 2012, па Дојранското езеро е прогласено за споменик на природата без претходна изработка на Студија за ревалоризација на езерото и истата сѐ уште не е изработена.

Речиси 8 месеци пумпите во хидросистемот Ѓавато се исклучени поради огромните трошоци за електрична енергија. Прочистителната станица во Дојран години наназад работи само со еден блок и затоа езерото е доведено до ваква состојба.

Градоначалникот Анго Ангов пред 4 месеци најави комплетно градење на нова прочистителна станица и колекторски систем и за истото Општината има добиен добиено од Влада на Република Македонија, околу 70 милиони денари.

Од Општина Дојран и Градоначалникот бараме да нѝ одговорат:

Дали ќе почнат со овој проект кога Дојранското езеро ќе стане мочуриште? – прашуваат од ЛО Левица Дојран.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: Три години се крши Законот за…

На денешната прес-конференција, генералниот секретар на Црвена…

18 години затвор за Дојранецот кој до…

Основниот суд во Гевгелија му изрече казна…

СДСМ: Левица повторно ја игра улогата на…

Соопштение на СДСМ Левица најави дека во…

Левица: Ако за нешто треба да се…

Не се точни изјавите на Мицкоски дека…

Левица бараше една изборна единица и укинување…

Обвинувањата на ДПМНЕ за Левица се трагикомични.…