(Фото) Еве што пишувало на саркофагот на Делчев: Ги заколнуваме поколенијата што доаѓаат…
Ѓеорги (Гоце) Делчев е роден на 23 јануари (4 февруари, нов стил), 1872 во Кукуш, Егејска Македонија, како прво машко дете, на бројната и угледна фамилија Делчеви, загина на – 4 мај 1903 г.

Неговите родители биле добро ситуирани и едно од најстарите семејства во Кукуш. Татко му Никола Делчев бил кукушанец, а мајка му Султана Нурџиева потекнува од блиското село Мурарци. Како плод на овој брак се родиле десет деца – шест ќерки и четири сина. (Тинка, Руша, Цоца, Гоце, Тина, Лика (Велика), Еленка, Мицо, Милан и Христо).
Да се потсетиме на неговата изјава:
„Оној што сака да работи за присоединување на Македонија кон Бугарија, Грција или Србија, тој може да биде добар Бугарин, добар Грк, или добар Србин, но не и добар Македонец“.
Неговите посмртни останки прво се чуваат во Баница до 1917 година, кога се пренесени во Ксанти, а потоа во Софија. До 1923 година, ковчежето со коските се чува во домот на Михаил Чаков, а на него пишувало:
„Ги заколнуваме поколенијата што доаѓаат светите коски да бидат погребани во главниот град на независна Македонија.
Август 1923, Илинден“.
Заветот е исполнет и на 11 октомври 1946 година се пренесени во Скопје, во црквата Свети Спас.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Американската армија онеспособила брод што се обидел…
Армијата на САД вчера во Оманскиот Залив…
Тешка сообраќајна несреќа на скопската обиколница кај…
Голем сообраќаен метеж вечерва е забележан на…
Претепана жена донесена во Ургентниот центар на…
Жена од Гостивар, која била брутално претепана,…
Утре продолжува амандманската расправа за предлог-буџетот за…
Собраниската Комисија за финансирање и буџет попладнево…
Двајца италијански техничари загинаа во Кувајт, Иран…
Двајца италијански државјани загинаа, а уште две…