(Фото) Еве што побарала Силјановска од Папата
За поддршката за евроинтеграцијата на земјава, но и на целиот Западен Балкан, како и за актуелните светски случувања денеска во Ватикан разговарале претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск.
Како што пренесе известувачот на МИА од Рим, Сиљановска-Давкова во рамки на посетата на Рим и Ватикан во чест на одбележувањето на 24 мај – Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, денеска имаше аудиенција кај папата Франциск.
– Се усогласивме околу актуелните проблеми, околу поддршката на земјава кон Европската унија, поддршката на папата на Западен Балкан и рековме дека по 30 години од соработката, успесите се очигледни. Потврдивме дека посетата во 2019 година беше неверојатно инспиративна не само за малото стадо на кое му порача да не се плаши, туку за сите религии и дека сме пример за релиогиозен дијалог кој ќе продолжи, како и дека Ватикан верува во нашата сила – изјави Сиљановска – Давкова.
На средбата, како што рече шефицата на државата, изразила разбирање за склучување на конкордат со Ватикан, бидејќи системски треба да се пристапи кон решавањето на прашањата врзани особено за статусот на Католичката црква и христијаните на католичката религија кај нас. Таа посочи оти овие прашања таа самостојно не може да ги реши бидејќи не е надлежна, но дека во соработка со Владата може многу лесно да се надминат.
На аудиенцијата кај Папата денеска беше и бугарскиот претседател Румен Радев, но Сиљановска-Давкова и Радев не остварија средба поради, како што посочи Сиљановска-Давкова, неусогласување на агендите. Подготвеност за средба имало и од двете страни и таа е планирана за некоја наредна прилика.
– Изразивме подготвеност, но до средба нема да дојде. И двете делегации имаме агнеда меѓутоа рековме дека час поскоро, во првиот можен момент, ќе ја реализираме – изјави Сиљановска-Давкова.
Радев денеска ќе присуствува во базиликата „Свети Климент“ на литургија за Свети Кирил и во црквата „Санта Марија Маџоре“, а претседателката Сиљановска-Давкова, според агендата, утре ќе го одбележи Денот на сесловенските просветители со посета на базиликата „Свети Климент“ каде се наоѓа гробот на Св. Кирил.
It was an honor to meet @Pontifex today. I thanked His Holiness for his determination pursuing peace in the world and advocating for the world's poor. On behalf of all Macedonian citizens I thanked him for the support for the European integration of the Western Balkans. 🇲🇰 🇻🇦 pic.twitter.com/8TXHqvIodn
— Гордана Сиљановска Давкова (Gordana Siljanovska) (@gogamkd) May 23, 2024
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Радев ја тестира цела Европа: По ветото…
Бугарија и Унгарија ставија заедничко вето на…
Мерц: Ги поддржувам украинските напади врз руските…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска ја поддржа…
ФФМ: Поведена дисциплинска постапка против Башкими, Муарем…
Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија…
Нова жртва од западнонилска треска, бројот на…
Уште едно лице почина од западнонилска треска.…
Таткото на Ива со навреди кон Македонците…
Осудениот криминалец, Симеон Михаилов, татко на избеганата…