Објавено на:

ФОТО: „Заборавија“ која држава им овозможи настап во Европа, Шкендија пред дуелот со Дрита се претстави како албански клуб

t

Екипата на Шкендија в четврток ја чека натпреварот против Дрита во рамките од Конференциската лига, а овој натпревар тетовскиот клуб го најави како да доаѓа од Албанија, а не од Македонија.

Шкендија како шампион на Македонија доби право да учествува во Европа, меѓутоа тие во најавата воопшшто не ја споменуваат земјата од каде доаѓаат и поради која имаат можност да го играат тој натпревар.

На фотографијата од натпреварот тетовци дуелот го најави со албанско и косовско знаме од каде што доаѓа Дрита.

„Надвор од границите ние сме едно. Еден наред, два тим, чувството е едно“, стои во објавата.

Треба да се истакне и дека објавата не доаѓа од некоја навивачка страна на популарните „балисти“ туку од официјалниот профил на Шкендија која треба да биде претставник на Македонија, но очигледно тоа не е.

Извор: Спорт.ком.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рама повторно повикува на дијалог: Подготвен сум…

Албанскиот премиер Еди Рама денес повторно повика…

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

(Видео) МАСОВНА ТЕПАЧКА во албанскиот парламент

За време на денешната седница албанскиот парламент…

Молотови коктели кон кабинетот на Рама, пожар…

Демонстрантите во Тирана фрлаа молотови коктели кон…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…