(Фото) Заменик-градоначалникот на Скопје, Александар Трајановски на средба со членовите на АЛПИ од Србија
Заменик-градоначалникот на Скопје, Александар Трајанвски, денеска беше домаќин на дел од членовите на АЛПИ Србија, кои се во неколкудневна посета на Македонија.
– Денес на моја голема чест и задоволство, имав можност да бидам првиот домаќин на моите колеги од соседството кои се во посета на Македонија, претставниците на АЛПИ Србија.
На средбата дискутиравме за предизвиците со кои градот се соочува во овој период, како и за заложбите кои градот Скопје во рамки на своите програмски определби ги опфаќа, во насока на афирмација на вклучувањето на младите во креирањето на политиките, родовата еднаквост, дигитализацијата, заштита и зачувување на животната средина со цел овозможување подобар и поквалитетен живот во нашето Скопје.
Нашите ментори од
International Republican Institute (IRI)
, кој е организатор и поддржувач на програмата АЛПИ ни овозможуваат да градиме мостови и да ги разменуваме нашите искуства и знаења, напиша Трајановски на Фејсбук.




ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…
Српската полиција денеска спровела голема акција во…
Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“…
ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37)…
Еден месец пред изборите, Вучиќ најави помилувања…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес објави…