(Фото) Заменик народниот правобранител објави шокантни фотографии од Цементарница Усје: Ова ли е причината поради која се гушеше Скопје?!

t

Со слики на кои се гледаат купишта отпад во дворот на цементарница УСЈЕ заменик народниот правобранител бара надлежните да утврдат што се гори компанијата. Андоновски веќе формирал предмет со кој бара надлежните инспекторати да излезат на терен.

Државниот инспекторат за животна средина пак тврди дека нема ништо незаконско, бидејќи цементарницата користи одобрени алтернативни горива.

Алтернативното гориво кое се користи не потекнува од увоз, увозот е законски забранет и истото потекнува исклучиво од домашни правни субјекти и се состои од отпадна оризова арпа, отпадни делови од текстил, отпадни делови од пластика, етикети, појаснуваат од инспекторатот

Но ваквото објаснување според Андоновски не е доволно.

На почетокот на месецот цементарница УСЈЕ беше казнета со 200 000 евра поради загадување на воздухот во главниот град. Контролите на инспекциите покажаа надминување на прагот на ПМ честички во периодот кога котлите наместо на гас, работеа на мазут.

Ова беше причина Цементарница УСЈЕ да заработи и кривична пријава од градоначалничката Арсовска, а советниците во Град Скопје на последната седница ја поддржаа иницијативата за поставување мерна станица кај компанијата преку која континуирано ќе може да се следи квалитетот на воздухот.

-Доцна во текот на вчерашниот ден добив дополнителни фотографии од дворот на цементарница Усје.

Ве известувам дека Народниот правобранител ќе отвори постапка по сопствена иницијатива заради инертноста на надлежните институции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жена тешко повредена, сопругот ја претепал во…

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Б.О.(43)…

Семејството на Сара до СДСМ: Откажете го…

Форумот на жени на СДСМ ги повика…

(Видео) Филипче: Власта свесно го запира европскиот…

Претседателот на СДСМ и претседател на Националниот…

Мицкоски: Нема гаранции дека уставните измени се…

Премиерот Христијан Мицкоски на Форумот за проширување…

Мајка си ги малтретирала малите деца, ги…

СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.Е.(28)…