(Фото) Запалени три контејнери во Козле

t

Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје апелира граѓаните внимателно да ракуваат со садовите наменети за одлагање на отпадот, за екипите на претпријатието да можат навремено да ги извршуваат своите работни обврски на терен, согласно оперативната програма за работа.

Секое оштетување на контејнерите значително ја нарушува динамиката на одлагањето, собирањето и транспортот на комуналниот отпад во градот Скопје. Во текот на изминатиот викенд, од страна на непознати сторители, беа опожарени три сада наменети за одлагање комунален отпад на улицата „Јуриј Гагарин“ во скопската општина Карпош. Станува збор за пластични контејнери со зафатнина од 3,2 кубни метри, од коишто едниот е сосема уништен и неупотреблив, додека останатите два сада претрпеле значителни оштетувања од пожарот, се наведува во денешното соопштение на претпријатието.

Се додава дека екипите на претпријатието извршиле целосно расчистување и го замениле комплетно опожарениот контејнер со нов сад за одлагање на отпадот, додека останатите два контејнера биле сервисирани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

На 26.09.2026 во 16:00 часот во Полициската…

МАСОВНА ТЕПАЧКА ВО СКОПЈЕ: Приведени 14 лица,…

Денеска (27.09.2026) во 03:00 часот на подрачјето…

За Филипче платформата „12:05“ е вмровска шема

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, со жестоки…

Денес во 14 часот протестен марш во…

Протестен марш по повод првостепената пресуда на…

Девет лица се уапсени под сомнение за…

Девет лица се уапсени на северот во…