(Фото) Затрупан влезот во градската депонија на Кочани, отпадот се истура покрај патот кон Пониква
Влезот во градската депонија на Кочани денеска е затрупан со отпад и комуналните возила на КЈП „Водовод“ не можат да влезат внатре за да го депонираат ѓубрето.
Купиштата отпад се расфрлани и од двете страни на регионалниот патен правец кон Пониква, а од распаѓањето на органските отпадоци се шири силна смрдеа и се излева течност по асфалтот и ги контаминира возилата кои поминуваат.
-Ова е одлична промоција на депониски туризам во Кочани. Очигледно е дека никому не му е грижа како и каде се исфрла отпадот, па за кратко време тој целосно ќе се најде и на асфалтот. Машината што се користи за растурање на ѓубрето е неисправна и стои на просторот во депонијата. На коловозот се испишани пораки со барање за оставка на директорот на „Водовод“. Ниту информативната табла на проектот за регионалната депонија, што го поддржува ЕУ, не поминала подобро, исчкртана е со вулгарни пораки. Ова е срам за сите, а одговорност мора да понесат надлежните, реагираат граѓаните на социјалните мрежи.
На влезот во кочанската градска депонија веќе се натрупани десетици тони отпад за чие отстранување ќе биде потребен подолг период. Состојбата уште повеќе се влошува затоа што овде се носи и ѓубрето од соседните општини, во рамки на проектот за отстранување на дивите депонии и нивно регионално решавање.
Од комуналното претпријатие „Водовод“ истакнаа дека ќе направат контрола на терен за причините поради кои отпадот се исфрла на влезот од депонијата, по што ќе се преземат мерки за расчистување. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Студено утро, па сончево и релативно топло…
Времето денеска ќе биде со ведро и…
Сомнеж за чума во Сибир: Почина лабораториска…
Сомнеж за чума во Сибир: почина лабораториска…
Изменет сообраќаен режим во Скопје поради Виз…
Дел од улиците и булеварите во Скопје…
Советникот на Путин: На Европа ѝ е…
На Европа ѝ е потребна руска енергија…
Калајџиев за новиот притвор за Деко: Ако…
По новиот притвор за првообвинетиот за случајот…