(Фото) Зеленски пристигна во САД: Ќе бара Русија да се прогласи за држава спонзор на тероризмот
Авионот со Зеленски слета во воена база во САД, тој пристигна на средба со Бајден и Конгресот, а украинскиот престедател веќе објави фотографии од САД.

Како што пренесуваат светските меидуми, Бајден сака да предложи статусот на Русија да се промени во статус на „држава агресор“ кој досега не бил користен.
Зеленски, од друга страна, инсистира на статус на „држава спонзор на тероризмот“.

Според администрацијата на Бајден, признавањето на Русија како „терористичка држава“ би ја отежнало размената на затвореници, хуманитарната помош, зделките за жито и мировните преговори.

Претседателката на Конгресот, Ненси Пелоси ги покани сите парламентарци да присуствуваат на говорот на Зеленски, бидејќи претстојниот говор „ќе влезе во историјата и ќе стане дел од наследството“ и го спореди со говорот на Винстон Черчил од 1941 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Меланија Трамп: Речиси 800 луѓе беа евакуирани…
Речиси 800 лица беа евакуирани од градот…
Хакерски напад предизвика лажни нуклеарни и хемиски…
Хакерски напад предизвика лажни нуклеарни и хемиски…
Украина уништи руска воена опрема вредна 70…
Украинските сили уништиле руска воена опрема со…
Само за три дена Украина онеспособи околу…
Украинските одбранбени сили во последните три дена…
ФСБ: Уапсен малолетник осомничен за подготовка на…
Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), заедно…