(Фото) ИСКРШЕНИ СТАКЛА И ДУПНАТИ ГУМИ НА МАКЕДОНСКИ ВОЗИЛА ВО КАЛИТЕА – „Не знаеме како ќе ја поминеме ноќта“
Читатели на Фактор до редакцијата испратија ексклузивни фотографии, на кои се гледаат искршени стакла и дупнати гуми на возила со македонски регистарски таблички во грчкото одморалиште Калитеа, чии сопственици се граѓани кои најверојатно го поминуваат својот годишен одмор во ова познато летувалиште, кое се наоѓа на првиот крак на полуостровот Халкидики.
Според информации на Фактор, овој инцидент е пријавен, но Полицијата се уште не излегла да изврши увид.
Информациите велат дека најголемиот дел од оштетените десетна возила биле паркирани кај плажата во непосредна близина на хотелит „Зевс“, но имало оштетени возила во центарот на Калитеа.
Фактор располага со фотографии од две оштетени возила.
Сопствениците на оштетените возила се чувствуваат загрозено од овој немил настан. Стравуваат да не доживеат и други инциденти.
„Не знаеме како ќе ја поминеме ноќта“, велат тие за Фактор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…
Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…
Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…
Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…
АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…
Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…
Охриѓанец исчезнал од семејниот дом, полицијата трага…
На 10.11.2026 година, во 17:00 часот, во…
Иран отвори прв воен камп за обука…
Иран го отвори својот прв воен камп…