(Фото) И сестрата на несудената конзулка Ејупи земала хонорари од Државното правобранителство – Видете колкава сума заработила

t

И сестрата на Бесмира Ејупи, несудената конзулка во Њујорка заработувала хонорарно во Државното правобранителство, покажуваат податоците на Отворени финансии, пренесе Телма.

Фатиме Ејупи за две години во 14 наврати добила по околу 20.000 денари по трансакција или вкупно заработила околу 4.200 евра од Државното правобранителство. Сестрата Бесмира, пак, која на затворена владина седница прво беше назначена за конзул во Њујорк, па потоа отповикана од истото правобранителство заработила околу 4.000 евра.

Двете сестри не работеле само во една државна институција, туку во повеќе па така Бесмира била ангажирана хонорарно и во општините Чаир, Сарај, Брвеница и Петровец додека Фатиме Ејупи лани во декември добила 1.000 евра хонорар од Државната изборна комисија и уште околу 4.000 денари од УЈП во повеќе ситни трансакции.

Извор: Вечер.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Лагите на Љутков се параван на…

Лагите на актерот Љутков и ДПМНЕ се…

(Фото) И сестрата на несудената конзулка Ејупи…

И сестрата на Бесмира Ејупи, несудената конзулка…