(Фото) Каква е оваа држава?! – Фејсбук статус кој ја крена Македонија на нозе, колку пари платил за да не ми дозволуваат да го пријавам за семејно насилство?!
Нас жените константно не наговараат да МОЛЧИМЕ.Јас молчев со надеж дека моето дете никогаш нема да дознае што сум проживеала. Но за жал, за доброто на мојата ќерка јас денес ќе зборувам. Само за да не биде со мене, таткото на моето дете е спремен својата ќерка да ја прати да расте во дом без родители со единствена цел да ми наштети мене. КАКВА Е ОВАА ДРЖАВА?!
Треба ли човек да те убие за да добие забрана за пристап?
Поради тоа што молев дочекав нападите во самоодбрана да ме направат насилник и не соодветен родител. Колку кошта еден детски живот? Колку пари платил за да не ми дозволуваат да го пријавам? Каде е правдата? Ако ова не е семејно насилство тогаш што е? Дали човекот што го направил ова е посоодветен родител од мене? Дали е соодветен родител човекот што крева рака на бремена жена, мајката на неговото дете? Ова го пишувам со надеж дека постов ќе биде посилен од неговите пари,врски во полиција и ќе допре до некој што ќе може да ми помогне да се изборам против сето ова за моето дете да расте нормално со мајката што го сака повеќе од се на светот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Граѓанските здруженија ги бојкотираа: Шукова држеше говор…
Сериозна превенција на родово базираното насилство, одговорност…
САД подготвуваат тест на интерконтинентална ракета среде…
Американските воздухопловни сили планираат пробно лансирање на…
Епидемијата на ебола во Конго е надвор…
Епидемијата на ебола на истокот од Демократска…
Вучиќ до Студентската листа: Ужасно ми е…
Претседателот на пратеничката група „Александар Вучиќ –…
Прекин во услугите на „Епл“: Корисници пријавуваат…
Корисници на „Епл“ на 17 ноември пријавија…