(Фото) Како бивши: Петков го исече Таче од сликата
Немаше место за македонскиот премиер Димитар Ковачевски на заедничката фотографија со бугарскиот премиер Кирил Петков и со американскот државен секретар Ентони Блинкен, сликана за време на говорот на американската потпретседателка Камала Харис на Минхенската безбедносна конференција, пренесе агенцијата „БГНЕС“.
Тројцата државници всушност позираа заедно, но подоцна на Фејсбук Петков го „исече“ Ковачевски од фотографијата, за да во кадарот биде сам со Блинкен.
Неколку часа претходно Ковачевски ја објави истата фотографија, во чија оригинална форма се забележуваат сите тројца политичари.
ВМРО-ДПМНЕ е крајно изненадена од молкот на Владата на Република Македонија во врска со потегот на претседателот на Владата на соседна Бугарија, г. Кирил Петков, кој фотографијата од трилатералната средба со секретарот за надворешни работи на САД, на која учествуваше и премиерот Димитар Ковачевски, ја прикажа како билатерална, грубо тргнувајќи го ликот на македонскиот премиер од фотографијата, соопштија од опозициската партија.
– Со оглед на карактерот на оваа важна средба за двете држави, како и со оглед на најавите на СДСМ за новите ветришта во односите со соседна Бугарија, ваквиот потег на премиерот Петков во однос на македонскиот премиер, не претставува само акт на понижување на лицето Димитар Ковачевски, што не е наш проблем, туку директно девалвирање на нашата држава за што сме принудени да реагираме – велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму додаваат дека развивањето на билатералните односи со сите соседи, како и унапредувањето на стратешкото партнерство со САД, другите сојузници и НАТО во целина за ВМРО-ДПМНЕ претставува врвен приоритет.

– Затоа ваквите потези, како и молкот на Ковачевски во оваа смисла, сметаме дека не придонесуваат на ниту еден начин за рамноправен и искрен напредок во соработката на двете соседни држави. Новите ветришта на пријателство кое владата ги најавуваше го оддуваа Ковачевски од фотографијата сo Петков – заклучија од партијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДИК: Излезноста во Брвеница до 9 часот…
Излезноста на предвремените избори за градоначалник на…
ДРАМА ОД РАНО УТРО ВО ДВЕ ЗЕМЈИ…
Полската војска проверува сомнежи дека неидентификуван објект…
(Видео) РОДНИОТ ГРАД НА ПУТИН ВО ПЛАМЕН!…
Голем број експлозии и пожари биле пријавени…
Рама не попушта пред масовните протести: „И…
Албанската полиција се судри со стотици демонстранти…
Шведска и Франција на врвот по силувања…
Шведска и Франција пријавуваат десетици пати повеќе…