(Фото) Како би можел да изгледа новиот „SUV“ модел на „BMW“

t

Сосема новиот дизајнерски израз е компатибилен со концептот „Neue Klasse“ кој е претставен во септември оваа година.

Минатиот месец, автомобилските папараци „го фатиле“ прототипот на новиот „SUV“ модел од идниот асортиман на електрични „Neue Klasse“ возила. Станува збор за „SUV“ модел со големина на актуелниот „X3“, кој на патиштата би требало да се појави најрано во 2025-та година.

Како и обично, рускиот сајт „Колеса“ веќе ги објавил своите предвидувања за изгледот на овој автомобил, на основа на сите досега познати информации.

Така новиот „SUV“ би требало да добие сосема поинаков преден дел во однос на актуелната гама на „BMW“, со продолжени „бубрези“ на кои се надоврзуваат двојни фарови.

Сосема новито дизајнерски израз е компатибилен со концептот „Neue Klasse“ кој е претставен во септември оваа година.

Задниот дел не ги следи актуелните светски трендови во вид на поврзување на задните светла со „ЛЕД“ лента, туку ги протега кон средината, каде логото на брендот останува истакнато.

Прерано е за било какви технички информации, но речиси е извесно дека новиот „SUV“ ќе има верзија со еден и два електромотори. Треба да се има на ум дека, според зборовите на претставници од „BMW“, механичката платформа на „Neue Klasse“ може да поднесе до 1 MW сила, односно 1.360 коњски сили.

Тука, меѓутоа, треба да се очекува поскромен досег и „M“ перформанси на ниво на актуелните модели, односно околу 600 коњски сили.

Потсетуваме и дека „Neue Klasse“ ќе биде основа и за моделот лимузина од „Серија 3“. Сето ова ќе го видиме на патиштата во 2025-та година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Конгресната библиотека во Вашингтон е побогата за…

Конгресната библиотека во Вашингтон деновиве е збогатена…

Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 25…

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека до…

Рубио: САД не сакаат ништо што би…

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави…

Клековски со порака за Денот на независноста:…

Министерот за здравство Сашо Клековски присуствуваше на…

Затворена Ајфеловата кула: Штрајкуваат вработените

Ајфеловата кула во Париз во понеделникот беше…