(Фото) Македонските возачи како да возат авиони: Полициските радари фатија брзина од над 200 километри на час!

t

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 361 возач. Од нив 31 возилo се движелo со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 159 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 202 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сериозен дефект на главната радио-станица на Солунска…

Сериозен технички дефект на главната радио-станица на…

М-НАВ: Целозно завршен процесот на демонтажа на…

М-НАВ инфомира дека денеска успешно ги заврши…

Започна демонтажа на стариот радар на Меѓународниот…

Денеска официјално започна процесот на демонтажа на…

Тасевски: Немаме ниту еден функционален радар на…

Ние немаме ниту еден функционален радар за…

Со возило со бугарски таблички „летал“ 217…

На 01.09.2025 во 21:55 часот на автопат…