(Фото) Како некогаш изгледало градското лизгалиште под Кале?

t

Постарите генерации сигурно се сеќаваат на изгледот на старото градско лизгалиште под Кале.

Во Фејсбук групата „Стари скопјани“, членот Стрезо Вубалевски, споделил фотографии токму од таа локација. Фотографии на кои е прикажано едно друго време, различно функционирање на секојдневието. Со фотографиите, напишал и опис во кој се зборува за историјатот на градското лизгалиште.

-Лизгањето во градот еволуирало од замрзнатото скопско езерце во Градскиот парк. Тогаш никој немал вистински лизгалки, туку се импровизирало. Се носеле високи чевли, а над нив штици кои се подесувало со штраф. Првото лизгалиште во Скопје е отворено во почетокот на седумдесетите години на минатиот век. Првите лизгалки во Скопје ги донел некој Словенец, а потоа се појавиле во продавниците на тогашната „Македонија шпорт“. Имало машки и женски, според големината и бојата и женските обично биле бели, а хокејските биле само за привилигираните. Нив почнале да ги носат од странство – од познатите соц-ексукрзии по Чехословачка, Полска, Русија родителите се враќаа со лизгалки на голема радост на своите деца.

Во доцните седумдесети години хокејот на мраз бил актуелен во Македонија. Во Скопје тогаш постоеле два клуба – Вардар и Скопје кои се натпреварувале во тогашната единствена Прва сојузна лига, а потоа и во Втората лига. Иако знаеле да губат и со 40 разлика од тогашните најдобри екипи од Словенија, Јесенице и Олимпија, сепак ќе остане забележано во аналите дека и на овие простори се играло хокеј. Во тоа време во Скопје се одржале и Ц-квалификации за Светско првенство, кога трибините околу лизгалиштето во Кале биле полни. Во почетокот на осумдесетите години и двата клуба се распаднале. Најпознати хокеари биле браќата Грчевски – Васко, Ѓорѓи и Блаже, потоа браќата Аиновски – Ристо, Павел и Перо, голманот Чупевски, бекот Ѓорги Ковачевски и други. – се вели во описот на фотографиите.

Извор: skopjeinfo.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МИЛАНОВИЌ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ НИТУ МАНДАТАР,…

Уставниот суд на Хрватска денеска одлучи претседателот…

Драма во Кисела Вода: Маж ја нападнал…

Денеска (19.04.2024) во 01:30 часот на подрачјето…

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ го враќа најтемниот период од…

Претседателот на ИНТЕГРА, Љупчо Ристовски и Коалицијата…

НОВИ 46 СЛУЧАИ НА ГОЛЕМА КАШЛИЦА –…

Од 12 до 18 април пријавени се…

Фон дер Лајен ја посети затворената финско-руска…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…