Објавено на:

Фото: Кампот “Вагнер” подготвен, се чекаат платениците

t

Фотографии на кои наводно е прикажан воен камп во Белорусија во којшто треба да бидат сместени платеници од паравоената формација „Вагнер“ на Евгениј Пригожин, денеска објави рускиот независен медиум „Сирена“.

Како што пренесува „Сирена“, камповите се градат во областа Асиповичи, во централниот дел на Белорусија и во југозападниот дел на регионот Махиљовск. Фотографиите, како што се вели, ги испратил жител на областа. На нив се прикажани воени шатори со дрвени кревети и подови.

Белоруската воена мониторинг група Белоруски Хајун објави дека изброила околу 298 шатори на сателитските снимки од кампот и дека секој шатор може да собере до 30 луѓе.

„Со оглед на фактот дека некои од шаторите имаат комунални намени, можеме да кажеме дека кампот може да прими околу 8.000 луѓе“, пишува белоруски Хаџун.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека Белорусија не гради кампови за Вагнер, но ќе помогне со сместувањето на војниците, доколку е потребно.

„Сè уште не градиме кампови. Но, ако сакаат, ќе ги сместиме. Но, засега тие се во Луганск во нивните кампови. Им понудивме еден од напуштените кампови. Добредојдени се, ќе им помогнеме колку што можеме додека не одлучат што да прават, рече Лукашенко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лукашенко гледа опасност во НАТО: Ако се…

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко, коментирајќи ја…

Египет гради втор камп за раселените Палестинци

Египет гради втор камп за раселените Палестинци…

И противник на Лукашенко почина во затвор:…

Во затвор почина и противник на белорускиот…

Нов „Вагнер“ на повидок? Путин го потпиша…

Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша Законот…

Жителите на Белорусија, Казахстан и Молдавија ќе…

Владимир Путин им олесни на жителите на…