(Фото) Ковачевски приреди прием по повод завршувањето на мандатот на американската амбасадорка Брнз
Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски вчера вечер приреди прием по повод завршувањето на мандатот на американската амбасадорка Кејт Мери Брнз, соопштуваат од Владата.

Премиерот истакна дека амбасадорката Брнз беше присутна во клучен период за земјата и дека секогаш ќе остане пријателка на Република Македонија.
„Нашата соработка изминативе години беше партнерска и блиска, како што доликува на соработката на две земји чија врска е силна од денот на воспоставување на дипломатски односи, но и претходно“, рече премиерот Ковачевски.

На приемот присуствуваа министри, експерти и други претставници од политиката и бизнис заедницата.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ива Михаилова до новинарот Цанов: „Јави ми…
Бугарскиот јутјубер Станислав Цанов објави ново видео…
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…