(Фото) Кокаин и пиштол пронајдени при претрес на угостителски објект во Гостивар
На 31.01.2026 во периодот од 19:30 до 22:45 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишија од слобода Ш.Ш.(51), М.Х.(23), Ф.Ш. (53) од с. Чегране и 17-годишна малолетничка од с. Волковија. По претходно добиени оперативни сознанија и судска наредба, извршен е претрес во угостителскиот објект во с. Чегране, сопственост на првопријавениот, при што кај М.Х. се пронајдени и одземени шест паковки со кокаин.

Во помошна просторија на објектот бил пронајден гасен пиштол, додека во фиока од комода била пронајдена прашкаста материја и пари. Ш.Ш. и М.Х. се лишени од слобода, а во врска со кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик, од слобода се лишени и Ф.Ш. и 17-годишна малолетничка.

По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Намерата на СДСМ за Гостивар не…
Премиерот Христијан Мицкоски го повика Обвинителството да…
Во четврток ќе биде објавен епидемиолошкиот извештај…
Министерот за здравство Сашо Клековски, одговарајќи на…
Мицкоски: Како Влада постапивме експресно во случајот…
Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли критиките од…
(Документи) Седум години се криело дека водата…
Водата во Гостивар не била за пиење…
Ангелов: Состојбата со водата во Гостивар се…
Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов денеска информира…