(Фото) Македонската фаланга е на трибините: Околу 2500 навивачи ја бодрат Македонија!
Македонија нема да биде сама во пеколот на „Драгао“, кој Кристијано Роналдо го побара од домашните навивачи.
Околу 2.500 македонски фанови ќе бидат присутни на трибините на славниот стадион во Порто. Дел од нив веќе се сместија на своите места и полека се подготвуваат за спектаклот во најава.
Позитивен резултат за било која репрезентација ќе значи место на Мундијалот во Катар. Португалците атакуваат на шестото учество во низа, а нашиот национален тим сака да дебитира меѓу најдобрите светски репрезентации.

Извор: Гол.мк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
Во Португалија протести поради трошоците за живот…
Неколку движења за правата на станарите и…