(Фото) Македонска гордост: Македон го покажа сребрениот медал од натпреварот „Математика без граници“

t

Малиот генијалец од Тетово Македон Димтровски (8) се фотографира со сребрениот медал со кој се закити на годинешниот натпревар „Математика без граници“.

Неговиот татко Владимир Димитровски на социјалните мрежи ги објави фотографиите од Македон со медалот, како и фотографија од сертификатот за освоено второ место на натпреварот.

Натпреварот „Математика без граници“ се одржа на 13-ти февруари, а учествувале 4.142 учесници од 23 земји.

 Минатата година Македон на истиот натпревар освои златен медал во зимската сесија, а медалите му беа врачени на последниот училиштен ден од минатата учебна година, кога беше организирана и посебна церемонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЗЛАТНО ДЕТЕ! Македон повторно се закити со…

Учествува на семинари за македонски јазик и…

(Видео) Светот слушна за генијалецот Македон ама…

Сегашниот македонски наставен систем нема соодветни програми…