(Фото) Македонските војници на терен во Турција: Помагаат во потрагата по преживеани
Тимот на Армијата за пребарување и спасување кој вчера во доцните попладневни часови пристигна во Карахкамраш која е една од областите кои се најповеќе погодени од катастрофалните земјотреси кои се случија во Турција, во текот на денешниот ден ги отпочна активностите за преребарување и извлекување на жртвите.
Армискиот тим составен од 24 армиски припадници од составот на баталјонот за специјални сили и двајца инструктори од командата за обука и доктрини со две службени кучиња заедно го пребаруваат теренот во градот Кахраманмарас и пожртвувано се ангажираат на пронаоѓање и извлекување на евентуално преживеаните кои се наоѓаат во рушевините.
Армиските припадници на теренот ја искажуваат својата одлучност и обученост професионално да ја извршат задачата и да го употребат целиот свој максимум во пронаоѓање на настраданите и на секој можен начин да помогнат на граѓаните на сојузничка Турција.
Надеж дека во текот на пребарувањето ќе се спасат човечки животе каде секој момент е драгоцен, даваат и службени кучиња од расата белгиски овчар и лабрадор, кои заедно со инструкторите се обучени токму за пронаоѓање лица во елементарни непогоди.





ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…
Испораките на руски гас за Турција речиси…
Испораките на руски гас за Турција преку…
Масакр во западна Турција, непознато лице уби…
Турската полиција трага по маж кој денеска…
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Авион што летал од Германија за Турција…
Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…