(Фото) Македонските фудбалери изгубија од Азербејџан: Ковачевски ги бодреше заедно со неговиот син
Фудбалската репрезентација на Македонија не успеа да победи ниту во вториот пријателски натпревар во ноемврискиот термин. „Рисовите“ на Благоја Милевски загубија на домашен терен против Азербејџан (1-3), во меч кој се играше во незгодни услови поради дождот во Скопје и тешкиот терен на Арената „Тодор Проески“.
По ремито со Финска во Скопје, уште еден неочекуван резултат доби домашната публика која и на овој натпревар беше во скромен број. Ова беа последни активности за Македонија, а на обврските тимот се враќа во март кога ќе стартуваат квалификациите за ЕП 2024.
Премиерот Димитар Ковачевски од трибините ги бодреше македонските фудбалери заедно со неговиот син, а фотографии од натореварот објави и на Фејсбук.
– Огромно задоволство беше денеска да се навива за нашата фудбалска репрезентација на натпреварот со Азербејџан. Честитки и од мене и од мојот син за целата екипа, за извонредната игра и за постигнатите резултати, напиша Ковачевски на Фејсбук.



ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…