(Фото) МВР се поднови со нови возила и техничка опрема – Донација од Германија

t

Одличната соработка и партнерството продолжуваат, велат од МВР каде денеска стигна вредна германска донација за квалитативно зголемување на капацитетите на граничната полиција.

– Со предавањето на денешнава донација на возила и техничка опрема вредна 360.000 илјади евра од Сојузното Министерство за внатрешни работи и татковина на Сојузна Република Германија, во присуство на амбасадорката Н.Е. Анке Холштајн, уште еднаш ги потврдуваме партнерството и поддршката на Владата на Сојузна Република Германија за Република Македонија, особено во зајакнувањето на техничките и материјални капацитети на патот кон евро-атлантските интеграции.

Со ова дополнително ќе ги зајакнеме капацитетите при вршењето граничен надзор, транспорт и дистрибуција на техничка опрема и потрошни материјали до Регионалните центри за гранични работи, како и до полициските станици за гранични проверки и граничен надзор, како и при реализацијата на активности во насока на сузбивање на прекуграничен криминал и криумчарење на мигранти.

Голема благодарност за искрената подготвеност за натамошна соработка и поддршка и континуираното продлабочување на билатералните односи, како и квалитативното надградување на капацитетите на МВР, велат од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР најави зголемена употреба на дронови за…

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека…

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

МВР: Две кумановки и пет банкарки осомничени…

Од МВР информираат дека е поднесена кривична…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…