(Фото) Месец дена гори градската депонија во Делчево: Граѓаните се жалат, надлежните велат го решаваат проблемот

Веќе еден месец непрекинато гори градската депонија во Делчево, велат читатели на Инфомакс од градот.
Депонијата во која се депонира комунален отпад е причина за ширење на неподнослива миризба низ целиот град, која може да биде и штетна по здравјето на граѓаните.
До нашата редакција пристигнаа фотографии од депонијата на кои може да се забележи дека гори комуналниот отпад, а граѓаните велат дека надлежните институции, градоначалникот и ЈКП Брегалница Делчево досега не преземале никакви мерки за гаснење на пожарот и расчистување на депонијата.

Краток прекин на пожарот имаше во периодот на неколку дневни врнежи, по што неподносливата реа продолжила да се шити низ градот.
Засега нема информации дали пожарот е предизвикан од човечки фактор.

Го прашавме градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски дали и што преземаат службите за решавање на проблемот и која е причината што толку долг временски период не може да се изгасне пожарот.
Градоначалникот само кратко одговори дека “Денес веќе се расчистува депонијата. Заради метанот кој се ослободува на неколку делови чади депонијата. За два дена ќе се реши проблемот комплетно”.

Пред да го добие првиот мандат како градоначалник, Трајковски имаше чести изјави дека доколку ја добие довербата на граѓаните приоритет ќе биде подобра хигиена на градот и навремено собирање на отпадот.
Покрај непријатната миризба, штетните гасови кои се шират од депонијата може да бидат и штетни за здравјето на граѓаните, особено за оние кои имаат респираторни проблеми или заболувања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МВР поднесе кривична пријава за градоначалникот на…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе…
Делчево ја одбележа 153-годишнината од раѓањето на…
Општина Делчево ја одбележа 153-годишнината од раѓањето…
Маж изгоре во пожар во куќа во…
Триесет и шестгодишен маж го загуби животот…
Одрони пред Делчево, магла на Плетвар и…
АМСМ соопшти дека на два километра пред…
(Во живо) Секој втор кочанчанец во текот…
Секој втор кочанчанец во текот на 2023…