Објавено на:

(Фото) Месец дена гори градската депонија во Делчево: Граѓаните се жалат, надлежните велат го решаваат проблемот

t

Веќе еден месец непрекинато гори градската депонија во Делчево, велат читатели на Инфомакс од градот.
Депонијата во која се депонира комунален отпад е причина за ширење на неподнослива миризба низ целиот град, која може да биде и штетна по здравјето на граѓаните.


До нашата редакција пристигнаа фотографии од депонијата на кои може да се забележи дека гори комуналниот отпад, а граѓаните велат дека надлежните институции, градоначалникот и ЈКП Брегалница Делчево досега не преземале никакви мерки за гаснење на пожарот и расчистување на депонијата.


Краток прекин на пожарот имаше во периодот на неколку дневни врнежи, по што неподносливата реа продолжила да се шити низ градот.
Засега нема информации дали пожарот е предизвикан од човечки фактор.


Го прашавме градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски дали и што преземаат службите за решавање на проблемот и која е причината што толку долг временски период не може да се изгасне пожарот.
Градоначалникот само кратко одговори дека “Денес веќе се расчистува депонијата. Заради метанот кој се ослободува на неколку делови чади депонијата. За два дена ќе се реши проблемот комплетно”.


Пред да го добие првиот мандат како градоначалник, Трајковски имаше чести изјави дека доколку ја добие довербата на граѓаните приоритет ќе биде подобра хигиена на градот и навремено собирање на отпадот.
Покрај непријатната миризба, штетните гасови кои се шират од депонијата може да бидат и штетни за здравјето на граѓаните, особено за оние кои имаат респираторни проблеми или заболувања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Забрана за тешки товарни возила на правецот…

Од ЈП јавно претпријатие за одржување и…

Хорор во Делчево: Силувано 15-годишно девојче!

На 07.12.2023 полициски службеници од Полициската станица…

Маж од Делчево доби кривична пријава за…

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе…

(Фото-галерија) МАКЕДОНСКО ДЕВОЈЧЕ: Мелани Трајковска избрана за…

17-годишната Мелани Трајковска од Делчево годинава ја…

Во Делчево одбележан Денот на македонската револуционерна…

Во организација на Општина Делчево денеска се…