(Фото) Митовски се обрати до Пендаровски, министерството за правда и американската амбасада: Вчера си ја земав пресудата и во затвор да влезам од таму ќе објавувам

t

Вчера си ја земав пресудата на Основниот Кривичен суд во Скопје, во која по втор пат сум осуден на шест месеци затвор или две години условна казна за објавувањето на првата страница од записникот со кој се отвори аферата „Рекет“. Афера од која произлегоа низа на пресуди и кривични истраги.

Оваа пресуда е донесена повторно од истата судијка, Љубинка Башевска, иако Апелациониот суд ја врати на повторно одлучување поради суштински повреди на постапката – или во превод, Апелациониот суд и даде насоки како треба да пресуди, а тоа е да ме ослободи.

Башевска повторно одлучи да ме осуди и покрај укажувањето на Американскиот Стејт Департмент, во кој јасно беше нотиран мојот случај кај Башевска како заплашување на новинари, тортура врз слободата на говор и цензурирање на критички медиуми.

Оваа пресуда повторно ќе оди на Апелација, по жалба. Верувам дека таму има судии кои размислуваат со својата глава, а не исклучиво партиската.
Башевска не може да објасни, и ден денес, како тоа јас сум ја направил службената тајна достапна на јавноста, ако во случајот ЈАС сум јавноста. Логиката би налагала дека СЛУЖБЕНАТА ТАЈНА може да ја направи достапна на јавноста (на медиум, новинар) само СЛУЖБЕНИК кој има пристап до ваква класификација на документи.

Но, јасно е дека кај Башевска не се работи за професионализам. Ова е партиска наредба, и хајка.

Истовремено, од кривичен прогон од кој бев ослободен од страна на судот во Куманово, каде што не постоеше ниту еден доказ за објавен текст – Апелациониот суд во Скопје по жалба на обвинителот (патем кажано, обвинителот е брат на кумановски судија осуден за корупција), ја врати пресудата на повторно одлучување во Куманово. Јасна е тенденцијата, треба да се замолчи најкритичниот медиум во државата.

Нема.

И во затвор да влезам, и од таму ќе објавувам.

Го повикувам претседателот Stevo Pendarovski, Судскиот совет, Министерството за правда, OSCE Mission to Skopje American Embassy Skopje да внимаваат каков пример за „демократија“ практикува оваа, актуелна судска фела, пишува на Фејсбук уредникот на Инфомакс, Александар Митовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Касами: Со Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе изгласаме…

Претседателот на Беса и еден од лидерите…

(Видео) Израелски министер доживеа сообраќајка: автомобилот превртен

Автомобилот на министерот за национална безбедност на…

САД и испорача на Украина балистички ракети…

САД испратија нов ракетен систем со долг…

Во супермаркети во Германија пронајдени над 100…

Вработените во повеќе германски супермаркети во Берлин…

ЕП ќе отвори канцеларија во Западен Балкан…

Европскиот парламент планира да отвори нова канцеларија…