(Фото) Мицкоски си направи проблеми со ВЛЕН: Се сретна со најголемиот противник на Косово во САД
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски, како и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски се во официјалната посета на САД, каде ќе бидат дел од одбележувањето на 75 години од основањето на НАТО, а ќе остварат и повеќе средби со државници, но и со бизнисмени, како и со нашинци од дијаспората. Ќе биде најавена и нова инвестиција.
Мицкоски и министрите оствари средба со Ричард Гренел, американски дипломат, поранешен директор на американската разузнавачка служба и добар познавач на состојбите на Балканот.
-Плодна и пријателска вечера со Ричард Гренел, американски дипломат, поранешен директор на американската разузнавачка служба и добар познавач на состојбите на Балканот. Економија, енергетика и владеење на право, теми за продлабочување на соработката, пишува Мицкоски на Фејсбук.
Претходно претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на 25 октомври го одликуваше Ричард Гренел, американскиот пратеник за дијалог меѓу Белград и Приштина за време на администрацијата на Доналд Трамп.
Вучиќ при доделувањето на орденот оцени дека улогата на Гренел во дијалогот меѓу Белград и Приштина „не само што придонела за регионалниот мир и стабилност, туку одиграла клучна улога во зајакнувањето на врските меѓу САД и Србија“.
„Имам чест во името на граѓаните на Србија да му изразам благодарност на човекот кој за кратко време со неуморна работа имаше значително влијание врз односите меѓу Србија и САД и суштински ги збогати врските меѓу нашите народи“, рече Вучиќ.
Гренел беше одликуван со орден на српско знаме од прв степен за истакнати заслуги во развојот и зајакнувањето на мирната соработка и пријателските односи меѓу Србија и Соединетите Американски Држави.
При доделувањето на орденот Гренел изјави дека единствено решение во дијалогот меѓу Србија и Косово е двете страни да направат отстапки.
Претставникот на поранешната администрација на Трамп рече дека меѓународната заедница има одговорност да изврши притисок врз (косовскиот премиер Аљбин) Курти да го исполни договорот, а потоа да влијае на двете страни да направат отстапки.
Инаку Гренел важи за огромен критичар на Албин Курти.
Габриел Ескобар во август 2021 година го наследи Гренел како специјален пратеник на САД за дијалогот. Оттогаш Гренел често го посетуваше Белград, а на новинарско прашање дали Владата на Србија му плаќа на Гренел за лобирање, Вучиќ во февруари годинава одговори:
„Мислам дека не му плаќа, не сум во владата“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…