Објавено на:

(Фото) Навивачите на Работнички ,,удрија” по градоначалникот на Центар: Пинокио, те чекаме во новата сала

t

Екипата на Работнички петта година по ред е далеку од врвот на макбаскетот, што се совпаѓа со големата финансиска криза на клубот, кој подолг период наназад настапува како кираџија, откако нивниот „Градски парк“ беше прогласен за застарен, антологиски спортски објект во кој веќе не може да се игра елитна кошарка.

Неколку раководни гарнитури на клубот, но и на општина Центар, која е сопственик на сите акции, имаше најави за градење нови сали, па дури и беа презентирани идејни решенија и проекти, но и покрај тоа, црвено-белите играат во салата на КФМ каде што тешко дека може да се почувствуваат како домаќини. Ваквиот однос ја револтира навивачката група „Сити Парк Бојс“, која во пресрет на Денот на шегата со герила акција покажаа дека им е здодеано од сите лажги.

„Пинокио, те чекаме во новата сала!“, е пораката што ја испратија најверните навивачи на Работички.

Транспарентите со алудирање на лажење по кое пораснува носот не укажуваат на конкретна личност, но самиот факт што се закачени на оградата на општина Центар доволно говорат на кого се мисли. Прв најава на нова сала имаше уште Андреј Жерновски додека беше „центарски татко“, но оттогаш минаа десетина години, а Работнички не само што не доби сала, туку таа дури и денеска не е ниту на повидок како идеја, а не, пак, како конкретен проект.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…

Скопје нема да биде заложник на вандали,…

Здруженијата на лица со дијабетес бараат сензори…

На одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот…

ШОКАНТНО ВИДЕО: ИВА МИХАИЛОВА ТВРДИ ДЕКА Е…

Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар…

САД разгледуваат намалување на военото присуство во…

Намалувањето на американското воено присуство во Европа…

Митовски: Човек ми раскажа дека мајка му…

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во…