(Фото) Навивачите со дрва и камења по Антиќ: Македонски леб јаде за да навива за Ѕвезда, ДНО!

t

Македонските навивачи се гневни на потегот на Перо Антиќ кој на синоќешниот ракометен хуманитарен натпревар што се одигра во СЦ „Борис Трајковски“ се појави облечен во дуксер на Црвена ѕвезда.

„ДНО“ – беше кратката порака на Комити Скопје кои на нивниот инстаграм профил објавија фотографија од Антиќ во салата.

На нив се надоврзаа и популарните Сити Парк Бојс, навивачите на Работнички, клубот каде Перо Антиќ ја почна професионалната кариера.

„Македонски леб јаде за Звезда да навива… Тажна наша Македонијо“, порачаа Сити Парк Бојс, исто така со фотографија од Антиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Падна член на меѓународната криминална банда: Бугарин…

Бугарскиот државјанин Рангелов Јилиј е уапсен воСрбија…