(Фото) Над 60 објекти се поплавени по невремето во Делчево: Градот е “мини Венеција”
Над 60 објекти се поллавени по невремето проследно со град што денеска попладне околу 17 часот го зафати Делчево и околината, информира Центарот за управување со кризи.
Од 16:30 часот, градот Делчево беше зафатен од големо невреме (врнежи од дожд и град), при што имал поплавени објекти од поројните дождови.
Моментално интервенираат ТППЕ Делчево со 2 ПП возила и 5 пожарникари.
Градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски, во изјава за Инфомакс вели дека екипите на ТППЕ Делечво и ЈКП Брегалница се на терен и работат на санирање на штетите.


– Има екипи на терен ТППЕ е на трен, исто и ЈКП Брегалница, имаше поголеми количества на врнежи, има повеќе вода која атмосферската канализација не може да ја апсорбира, има поплавени домови и објекти, но нема штети како од претходното невреме во Делчево. Има прекин на снабдувањето со струја на одредени места, но мислам дека тоа за кратко ќе биде решено, вели Трајковски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Работна средба во Општина Делчево за проектирањето…
Во просториите на Општина Делчево се одржа…
Потпишан договор вреден над 40 МИЛИОНИ ДЕНАРИ…
Делчево ќе добие реконструирана и модернизирана градска…
Кривична за директорот на Комуналното од Делчево…
Директор на јавно претпријатие во Делчево заработи…
Ова е младиот херој од Делчево кој…
Градоначалникот на Делчево денеска му додели плакета…
БРАВО! 18-годишен делчевец пронашол лични документи и…
Пример за чесност и граѓанска одговорност: 18-годишен…