(Фото) Објавени документите што ги потпиша Путин
Според наредбата што вечерва ја потпиша Министерството за одбрана, руската армија тргнува во мировна мисија.
Путин ја испрати руската армија во Доњецк и Луганск, проруски републики кои тој денес ги призна како независни држави. Армијата е испратена да одржува мир, се наведува во наредбата. Наредбата за испраќање војници во источна Украина е дел од одлуката на Путин да ги признае сепаратистичките територии во источна Украина. Во него се наведува дека руската армија ќе работи на зачувување на мирот во тие области.
Во одлуката не е прецизирано што точно значи тоа, но Би-Би-Си наведува дека експерти во Украина и Русија велат дека Путин сега и официјално може да испрати војници во бунтовничките области во источна Украина, што официјално значи руско воено присуство во источна Украина.
Москва постојано ги отфрла обвинувањата на Украина и нејзините резервни сојузници дека руската армија веќе е во Доњецк и Луганск.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија изгубила речиси милион и пол војници…
Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…
Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…
Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…
Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…
Русија почна да увезува горива за домашниот…
(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…
Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…
Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…
Украина во следните три до шест месеци…