(Фото) ОВАА МАСКА е најдобрата на карневалот за Прочка во Прилеп
Маската „Флинстонови“ на прилепското училиште „Блаже Конески“ е најдобрата и најоригинална маска на годинашниов карневал „Прочка 2023“ што по 21. пат се одржа во Прилеп. Ја понесе Гран при наградата на Карневалот.
Жири комисијата во состав Кире Младеноски, кореограф, етнологот Александар Цветкоски и ликовниот уметник Тони Чатлески првото место ѝ го додели на групната маска „Адамс фемили“ од училиштето Добре Јованоски, второто место го освои маската „Срцето на градот“ од училиштето „Гоце Делчев“, а третото место ѝ припадна на групната маска „Хакуна матата“ од прилепското училиште Кире Гаврилоски Јане.

Маската „Мила-волк-ајкула“ е најдобра поединечна маска на годинашниов прилепски карневал „Прочка 2023“
На карневалот учествуваа над 500 маскирани со преку 20 групни маски и учесници од Прилепи од повеќе градови од Македонија. Карневалот го отворија прилепските мечкари како заштитна и вековна маска на Прилеп. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Меѓународниот кривичен суд во Хаг за санкциите…
Воведувањето санкции против Меѓународниот кривичен суд како…
Дронови и мистериозни балони на небото над…
Москва наводно била цел на напади со…
Дипломатски судир меѓу САД и Европа: Вашингтон…
Соединетите Американски Држави воведоа нови санкции против…
Финансиски аларм во Америка: Приносите на државните…
Американскиот пазар на државни обврзници испраќа сериозни…
Обединетите нации предупредуваат: Светската економија нагло забавува,…
Светската економија влегува во нов период на…